Интерактивна мапа за хард-кор фанови на Game of Thrones
Корисникот под псевдонимот Quarter Maester изработи интерактивна мапа од целиот свет во кој се одвива серијата Game of Thrones како дел од фикцијата на Џорџ Р.Р. Мартин. Кога ќе ги погледнете сите континенти како Вестерос и Есос, океаните, сите мориња, градови и тврдина ќе добиете претстава колку всушност е навлезено во секој детаљ при крерање на епската приказна.
Исто така може да следите настани од книгите, како и од ТВ серијата и да го видите движењето на главните ликови. Мапата е изработена со софтверот на Google Maps и може да се зумира и клика на секоја точка.