Чиста околина објави нов спот за песната „Си играме со рапот“
Пионерите на рап музиката што уживаат култен статус кај целата андерграунд-публика во Македонија, членовите на „Чиста околина“, го претставуваат новиот спот за песната „Си играме со рапот“. Ова е втор сингл на „Чиста околина“ во последниве две години и следува по „Изморена авангарда“ од 2014 година, а за само еден ден од објавувањето на официјалниот јутјуб-канал на групата, „Си играме со рапот“ забележа 10.000 прегледувања.
„Си играме со рапот“ е снимена во студиjата „marryPHAT“ и „Quasar“ од Ивица Јанкуловски и Дарко Спасовски – Пацки, автори и аранжери на песната се членовите на „Чиста околина“ и истата е миксана во Quasar од Пацки и „Чиста околина“.
Оформен во 1989 година, „Чиста околина“ го објавува својот прв албум – „Новиот аспект на старата школа“ пред речиси точно 20 години.