Грција ги забрани електронските цигари на јавни места
Грчките власти воведоа забрана за пушење на електронски цигари на јавните места, што предизвика незадоволство кај граѓаните, но и кај производителите.
Како што објави „Њуз.ин“, властите за ваквата одлука биле мотивирани од мислењата на американски и европски фармацевски компании, според кои, електронските цигари исто така се сметаат за производ од тутин и поради тоа нивната употреба на јавни места треба да биде забранета.
Сојузот на грчките претпријатија на електронски цигари (СЕЕИТ) не се согласува со тврдењето дека во Италија, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија е забранет „чадот“ од електронски цигари на јавни места, наведувајќи дека во Грција е воведена забана без да се спроведе некакво научно истражување.
Грција, чија нација е процентуално со најголем број пушачи во Европа, пред неколку години забрани пушење на цигари на јавни места, но таа забрана граѓаните не ја почитуваат целосно.
Извор: МИА