Галерија: Рекордно количество боја пред Влада. Револуцијата одбројува… уште три дена
Шарената револуција истури максимално количество боја на улицата пред Влада. Одбројѕувањето продолжува. Активистите го испишаа бројот три, за да потсетат дека остануваат уште три дена од рокот кој им го дадоа на институците за да исполнат две од нивните барања: потврдување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство и запирање на прогонот на демонстрантите кои се учесници во револуцијата. Демонстрантите денеска со два чатали катапултираа кон Влада со топки со различни бои.
Од бината пред Влада се обратија членот на Левица Здравко Савески, активистот Џељо Хоџиќ, дипломатот Никола Димитров и Аднан Цаферовски од СДСМ. Тие ги повторија барањата на демонстрантите и јавно ги искажаа своите ставови за Шарената револуција и нефункционалната држава. Протестот, како и секогаш започна пред канцелариите на СЈО во знак на поддршка.