СЈО бара претпазливост за функционери од ДПМНЕ, Пуч да продолжи
Откако претседателот Иванов целосно ја повлече аболицијата за политичарите, Специјалното јавно обвинителство ќе ги продолжи и прошири започнатите истраги и предмети кои се во предсудска постапка. СЈО сега бара мерки за претпазливост за Груевски, Јанакиевски и Трајковски кои се додадени како осомничени во случајот ТНТ за рушењето на Космос на Фиат Цаноски.
СЈО предложува и мерка притвор за битолскиот градоначалник Талески првоосомничен за случајот Транспорт во кој е вршен криминал, злопутреба на службена должност и оштетување на буџетот на општината при договорите со превозниците за ученици.
Притвор е побаран и за Горан Грујоски од тајната полиција како главен осомничен во случајот Тврдина при што се сомничи за уништување на опремата за прислушкување, а тој е единствениот кој и беше притворен, а со аболицијата и пуштен на слобода.
Од друга страна пак, СЈО побара и превземање на случајот Пуч во кој се инволвирани Зоран Заев и Верушевски, осомничени за вршење на нелегално прислушкување, стекнување со нелегални приватни разговори и уцена на највисоките државни органи. Овој предмет од рацете на Основното јавно обвинителство треба да го премине кај СЈО со сите докази и досегашни истражни дејства.