Цел остров во Данска за три милиони евра!
Островот Егхолм во јужна Данска, во областа Сторебаелт, еден од 400 мали дански острови, е ставен на продажба за цена од 3.1 милиони евра. Островот е со големина од 100 хектари и на него се наоѓа главна куќа од 626 метри квадратни, изградена во 1895 година, вклучувајќи и три викендици на самиот брег, пренесува данската телевизија „ТВ2“.
Идниот сопственик нема да мора да се грижи околу евентуални караници со соседи, бидејќи островот е потполно ненаселен, а на него живеат само бројни животински врсти.