Турција со нова Влада која ќе турка вечно претседателство на Ердоган
Големи политички промени ја очекуваат Турција откако Ердоган успеа да ја наметна својата волја за претседателско уредување на државата иако денес го одобри мандатот на новата влада предводена од Јилдерим кој се смета за негов послушник.
Ердоган ќе претседава утре со првата седница на новата влада, соопштија извори од неговиот кабинет неколку минути, откако беше објавен составот на новиот кабинет.
Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу ја задржува функцијата и во новиот состав, а повеќе министри ќе ги задржат своите фотелји. Јилдерим посочи дека потребно е да се донесе нов Устав со која на претседателот ќе му се дадат поголеми ингеренции бидејќи тој е директно избран од волјата на народот што секако наиде на критики од опозиционите партии кои сметаат дека ваквите политички резови ќе доведат до воспоставување на деспотизам на и онака авторативниот Ердоган.
Премиерот Јилдерим новиот состав треба да го достави до Парламентот и да ја објави својата програма. Потоа Меџлисот треба да гласа за доверба на владата.