Кривичен прогон за камионџија кој шверцувал шеесетина мигранти
Возач на камион си заработи кривична пријава за шверцување на мигранти за што во своето возило создал соодветен простор под шасијата како и посебен влез. Во близина на граничниот премин Богородица тој качил 69 мигранти за што му е одреден и притвор од 30 дена. Шверцот на мигранти зачести откако беше донесена одлуката за затворање на Балканската рута.