Кина е нов главен извор за богатството на Apple
Кина прерасна во втор пазар по вредност, веднаш зад САД, со годишен обрт во App Store на Apple вреден стотина милиони долари и успеаја да ги надминат јапонците кои сега се на третото место според потрошувачка за апликации и игри за iPhone и iPad.
Растот се должи не толку на огромниот број на продадени смартфони и уреди, туку фактот што Apple секогаш го завзема премиум сегментот на купувачи кои имаат доволно длабок џеб да плаќаат за апликации, мултимедијални содржини и мобилни трансакции.
Овој тренд во Кина се очекува да се зголемува и еден ден сигурно ќе ги надминат американците во трошењето што секако многу му се допаѓа на Apple кој се богати.
Извор: telefoni.mk