Уникатна слика: По долго време се појави Белиот кит
Белите китови се вистинска реткост на планетата и биолозите досега имаат регистрирано само 4 бели китови во дивината. Еден од нив е китот наречен Мигалу кој по долго време се појави во водите на Австралија. Биолозите се уште не се стопроцентни сигурни дека е истиот кит, но се изненадени бидејќи ретко се забележува надвор од „границите“ на Нов Зеланд.
Ваквото движење на еден од четири бели китови укажува на нивната можна миграција и доколку внимателно се следат од Советот за презервација на Нов Зеланд ќе се добијат повеќе шанси нивните гени да се пренесат на нови единки.
Белите китови уште во шеесетите години се најдоа на црната листа на видови пред истребување и нивното ловење во Нов Зеланд беше забрането.