МНТ ќе ја претставува Македонија на фестивал во Тиват
Со претставата ,,Животот на Молиер” од Михаил Булгаков МНТ ќе ја претстави Македонија на јубилејното 10то издание на Медитеранскиот театарски фестивал„ Пургаторије“ кој од 25 јули до 10 септември ќе се одржи во Тиват,Црна Гора.
Предвидени се 75 фестивалски вечери, а македонската претстава ќе се игра на 7 јули со почеток во 21 часот и 30 минути.Освен од Македонија, на овој фестивал учество ќе земат театри од Ријека Тиват и Белград