Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАСветФранцуската дипломатија потресена од книгата „Скриеното лице на Кеј Д’Орсеј“

Француската дипломатија потресена од книгата „Скриеното лице на Кеј Д’Орсеј“

Во критичката книга „Скриеното лице на Кеј Д’Орсеј“ на Вансан Жовер, новинар во неделникот „Л’Обс“, серизоно е нарушен угледот на француската дипломатија, пренесува дописникот на МИА од Париз. Во книгата се зборува за малверзации, за случаи на мобинг, кражби, лажирања или афери на педофилија кои биле прикриени, за кои се молчи или биле благо казнети. Новинарот се повикува на сведоштва на дипломати и на стотина доверливи документи.

Меѓу споменатите личности е амбасадарот на Франција во Мадрид, Бруно Деле за кој постои сомнеж дека злоупотребил 90.000 евра со изнајмување на 18.000 метри квадратни простории на француската амбасада на големи компании. Откриен по анонимна достава во 2012 година до административната директорка на Кеј Д’Орсеј на пакет со фактури од повеќе компании специјализирани во де лукс, како Диор, Кензо, Реле и Шато, за тоа беше спроведена истрага, но не бил ниту казнет, ниту опоменат.

Овај пример според авторот ги илустрира злоупотребите во Министерството, прикажување на лажни трошоци, присвојување на уметнички дела кои биле депонирани во резиденциите, мобинг врз потчинетите, па и случаи на прикриена педофилија. Оваа не многу сјајна слика на француската дипломатија поминува под тишината на медиумите и јавноста, со цел да се заштити престижот на оваа стара француска институција.

Вансан Жовер се осврнува и на буџетските штедења, компромисите и погрешните анализи на претставниците на Кеј Д’Орсеј. Така се дознава дека само неколку месеци пред војната во Сирија, Ерик Шевалие, амбасадарот во Дамаск, си честитал за „подвигот“ што на прославата на 14 јули успеал да го доведе речиси целиот режим на Башар ал Асад.

Не е е поштедена ниту влијателната сопруга на поранешниот шеф на дипломатијата Лоран Фабиус, Мари-Франс Маршан-Бајле. Таа се мешала во номинациите на дипломатите, отстранувајќи од една амбасада еден дипломат, поради несогласување меѓу жените, како што призна и самиот Фабиус.

Книгата е во продажба во издание на издавачот „Робер Лафонт“.