Топлотен бран во Германија – измерени 40,3 степени Целзиусови
Германската престолнина веќе неколку дена наназад е зафатена од топлотен бран. Од метеоролошката служба објавено е дека во градот Кицинген вчера биле измерени рекордни 40,3 степени Целзиусови.
Досегашниот рекорд бил 40,2 степени Целзиусови измерени во далечната 1881. година, откако се водат метеоролошки податоци.
Топлотниот бран преовладува и во Тајланд, Колумбија, Холандија и Велика Британија каде што овој месец се измерени највисоките температури во историјата. Наскоро високи температури се очекуваат и на територијата на Југоисточна Европа.