Tuesday, Apr 30, 2024
HomeАНТИСТРЕСПатувањеИдеални дестинации за пливање со делфините

Идеални дестинации за пливање со делфините

Делфинот е прекрасно животно и сонот на многумина е барем еднаш да пливаат меѓу ова интелигентно и пријателски расположено животно. Ви предлагаме неколку дестинации каде што можете да го искусите ова незаборавно доживување.

Брегот на Јужна Каролина
Од Myrtle до Hilton Head плажата, брегот и островите на оваа американска држава се дом за многу делфиини. Blue Wave Dolphin Adventure watch е еколошка организација која ги следи делфините, става микрофони во морето за да може и од брегот да го слушнете нивниот глас.

Бахами
Кристално чистото море на брегот на Бахамите е преполно со делфини. Овде се организираат разни нуркачки тури на кои може одблиску да ги видите овие прекрасни суштества.
delfin1
Хрватска
Брегот околу Брач и Лошињ е едно од најпопуларните предели со делфини на Медитеранот. Покрај многуте морски активности, вообичаено е да ги гледате како пливаат делфините или да нуркате заедно со нив.

Баја, Мексико
Кортез е популарно збиралиште на делфини и китови. Овде водата содржи повеќе од 800 видови морски животни, поради топлината на морето во летните месеци која изнесува близу 30 степени. Водата е бистра, а плажите се прекрасни – идеално место и за луѓето и за делфините.

Турција
Нуркачкиот центар во луксузното одморалиште Fetheye е популарно место за средби со делфините. Негов сопственик е еден од најискусните нуркачи во Турција, Yilmaz. Посетите се достапни и за почетници и за искусни нуркачи.

Голем корален гребен
Овде има неколку видови делфини кои може да се видат од јуни до октомври.

Хаваи
Big Island и Maui се популарни места на кои може да се сретнат и делфини и китови. На Хаваите тоа е речиси вообичаена и секојдневна глетка.