Тинејџер прободен со нож на Партизанска
Шеснаесет годишен малолетник вчера вечерта бил прободен со нож во градниот кош од 17 годишно лице. Инцидентот се случил на автобуска постојка на булеварот „Партизански Одреди“ во близина на трговскиот центар „Сити мол“.
Од полицијата информираат дека на момчето му е укажана лекарска помош во ГОБ „8-ми Септември“, каде му биле констатирана телесна повреда. Оттаму најавуваат и дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.