Откриен новиот мобилен оператор, Lycamobile потенцијален кандидат
Засега се уште нема официјална потврда кој ќе биде новиот виртуелен мобилен оператор кој е задолжителен по одлуката за спојување на Вип и Оне во една компанија која ќе има мнозинство на пазарот.
Полека почнува да циркулира името на Lycamobile компанијата, која има веќе стекнато големо искуство на обезбедување на услуги како виртуелен мобилен оператор, поврзувајќи ги корисниците со евтини меѓународни телефонски повици на европскиот континент.
Со влегувањето на Lycamobile како виртуелен мобилен оператор може да се очекува и одржување па дури и намалување на веќе постоечките цени бидејќи нивни приоритет ќе биде привлекување на нови корисници кои се во добар дел поделени меѓу Т-Мобиле и оне.Вип.
Извор: mobilni.mk