Српскиот турист кој уби Охриѓанец ќе одговара и за дрога
Српскиот државјанин, Бојан Угреновиќ (29) од Краљево, обвинет за убиство на Димитар Матлиоски од Охрид за време на новогодишната забава пред кафебарот „Табана” во Охрид, ќе одговара и за недозволено користење наркотични средства. Полицијата поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело овозможување на употреба на наркотична дрога.
Имено, тој на своите другари им овозможил уживање наркотично средство – амфетамин. Претходно за него беше поднесена и кривична пријава за сторено кривично дело убиство на суров начин.