Ќе се воведува зелено трепкаво светко на скопските семафори
На крстосниците на подрачјето на Град Скопје се воведува зелено трепкаво светло кое ќе служи за претупредување на учесниците во сообраќајот дека завршува зеленото светло и слободното минување и дека ќе се вклучи жолто, односно црвено светло.
Согласно Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, трепкавото зелено светло се воведува за да се овозможи дополнително информирање на возачите кое ќе придонесе за зголемување на безбедноста на семафоризираните крстосници на подрачјето на градот Скопје. На терен ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.