,,Здраво Комшија"-креативен проект во Општина Карпош
Жителите на Општина Карпош од 1 јули цел месец ќе уживаат со бесплатно кафе, бесплатен тренинг и консултации за здрава исхрана во Спортскиот центар и кафе бар,,Форца”. Овие активности ќе се реализираат во склоп на проектот ,,Здраво Комшија” чија што цел е зголемувањето на свеста за здрав живот и здрава храна, но и интелектуалната социјализација и секојдневна дружба на граѓаните на Општина Карпош.
Официјалното отпочнување на проектот ќе се случи во среда, кога ќе бидат објавени и термините кои ќе бидат резервирани во ,,Форца” за ,,Здраво комшија”
Проектот е поддржан од општина Карпош