Опозицијата ја поддржа кандидатурата на Тихомир Орешковиќ за хрватски премиер
Коалицијата која ја предводи Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и Мост во денеска се договорија за мандатар да го предложат Тихомир Орешковиќ, кој е непартиска личност. Народната партија Рефомисти на Радомир Чачиќ и Партијата на трудот и солидарноста на Милан Бандиќ попладнево соопштија дека ќе ја поддржат неговата кандидатура за мандат за состав на новата хрватска влада.
– Ние сме отворени за разговори во секоја форма и дури ако на крајот останеме во опозиција, ќе бидеме конструктивна опозиција, изјави Чачиќ, кој е единствениот пратеник во Саборот од неговата партија. Тој рече дека добро го познава Орешковиќ како успешен менаџер, но нагласи дека иако тој не член на ниту една партија, сепак политичките одлуки што ќе ги носи ќе зависат од коалицијата што го предлага за премиерската функција.