Цената на нафтата го достигна дното, Волстрит под тежок притисок
Од глобалната рецесија во февруари 2009 година, ова е најниското ниво кое го достигна цената на нафтата, која во моментов се движи од 37 до 40 долари за барел. Моментално се пумпаат 32 милиони барели нафта дневно или 2 милиони повеќе од она што како цел го има поставено Организацијата на земјите извознички на нафта.
На Волстрит во понеделникот берзанските индекси паднаа, а под најголем притисок беше енергетскиот сектор. Причината за ваквиот пат според трговците е неуспехот на истоимената организација да постигне договор за намалување на производството на нафта.