Дали сте ја виделе оваа исчезната жена низ Скопје?!
Постара жена на возраст од 70 год. Со низок раст, кратка црна коса и отежнато одење се води како исчезната од петокот 27.11.2015. (околу 12 h – при врнежливо време). 70 годишната жена Се загубила додека чекала автобус бр.“24” на автобуската станица кај поликлиника “Букурешт”, на Партизански одреди од страната на Т.Ц “Лептокарија”.
Подоцна, истиот ден е видена во близина на градскиот плоштад како се движи кон напуштениот “Мекдоналдс” ресторант.
Два дена подоцна е забележана во градски автобус “2” во правец кон Сарај.
Инаку, во моментот на исчезнување облечена во сив краток капут, црни панталони со бели риги, кафеави кратки чизми и сива капа.
Боледува од деменција и алцхајмер, болести кои влијаат на мозокот во делот на паметењето и ориентацијата…
Ве молиме сите можни информации да ги проследите на моб. 078 32 61 61.