Tuesday, Apr 30, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаЕдно лице загина во директен судар во Кисела Вода

Едно лице загина во директен судар во Кисела Вода

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа која се случи синоќа во скопската населба Кисела вода, кај Рампа. Директно се судириле возило Лада и патничко комби.

На лице место починал 31-годишниот возач од Ладата, а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, 19-годишно момче. Тешко повредениот во возило на Брза помош веднаш бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје. Со телесни повреди се здобиле и возачот на комбито како и неговите тројца сопатници.

Ладата била сечена од Противпожарна служба за да бидат извлечени патниците, по што со возила на брза помош се однесени во болница. На местото на несреќата е извршен увид од страна на Јавен обвинител и екипа на МВР и се работи на откривање на причините поради кои дошло до несреќата.