Галерија: Неверојатни слики од НАСА за прв пат објавени
Навраќајќи се низ историјата на НАСА една од најзначајните програми Gemini е речиси целосно потценета во однос на астронаутите од мисијата Apollo кои ја освоија месечината. Со Gemini беа направени првите сериозни истражувања за подолг престој на астронаутите во вселената, како и за принципите на движење на вселенските летала, првaта „прошетка“ на астронаут надвор од планетата, како и поврзување на модулите со главното летало. Од тој период за прв пат се објавуваат импресивни слики направени на почетокот на 1960-тите години кои сведочат за големите подвизи на човештвото, врвот на науката и брилијатните умови на физичарите и инжинерите. Монографијата е изработена од Џон Бисни и Џ.Л. Пикеринг.