Сојузот на синдикати почна кампања против сивата економија
Сојузот на синдикати на Македонија кој има најудобна позиција најави нова кампања со која ќе се крева свеста за работата во сивата економија која е лоша за работниците бидејќи не ги уживаат сите права кои им следуваат и негативно влијае на пазарот на трудот со негово обезвреднување. ССМ продолжува да соработува со Владата како социјален партнер но, тоа го навлекува гневот кај многу синдикалци и здруженија кои бараат вонинституционално делување и покажување заби.