Нѐ очекува променливо облачно време со кратки сончеви периоди
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, а во северозападните делови не е исклучено да има и слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од 7 до 16, а дневната од 17 до 22 степени Целзиусови.
Во главниот град слично време – променливо облачно со повремени сончеви периоди и слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 19 степени Целзиусови.