Направете ги првите актерски чекори во театар „Чекори“ – септемвриски упис
Театар „Чекори“ ги отвори вратите за нови членови. Во септемврискиот упис може да се пријават сите вљубеници во театарот, над 14 години, со и без искуство, професионалци и аматери, актери, сценографи, костимографи, драматурзи, тон и светло мајстори.
Театар Чекори е најстариот алтернативен театар во Македонија. Постои 40 години и има повеќе од 400 членови. Голем број актери го продолжиле своето образование и денес професионално играат на сцените на театрите, не само низ републикава, туку и надвор од неа.
Во Театар „Чекори“ се поттикнува креативноста и индивидуалноста, но се негува и колективниот дух. Се поттикнува ангажираноста во целокупниот процес на создавање претстава.
Има разновиден репертоар, за различни вкусови, а низ годините се одиграни повеќе од 80 претстави, многу од нив се за прв пат поставени во Македонија. Познат е како театар на апсурд, театар на конструкција, но се поставуваат и дела од руската класична драматургија и од современи светски автори…
Еден чекор ве дели од театарската магија. Завретете го бројот 078 423 631 и направете ги првите театарски чекори во Театар „ Чекори“…
Не е дозволено преземање на оваа содржина без согласност на редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница.