Денеска Охридското езеро ќе се порибува со пастрмка
Охридското Езеро денеска ќе биде порибено со 300 илјади единки подмладок од охридската пастрмка. Порибувањето ќе се случи на локалитетот „Вирче“, а најавено е присуство на министерот за земјоделство, шиумарство и водостопанство Михаил Цветков.