Ќе се суди за воени злосторства на Косово од 15 септември
Предлог законот за воведување на Специјален суд за воени злосторства на Косово пројде во парламентот и претседателката Артифете Јахјага ја дозволи понатамошата постапка на негово стапување на сила од 15 септември со објава во службениот весник. Единствена пречка со која поранешните припадници на ОВК нема да бидат судени за воени злосторства во матичната земја е ако се спротистави Уставниот суд, бидејќи опозицијата покрена претставка за неуставност на законот.