Гевгелија ќе блеска во духот на „Смоквијада“
Денеска во југоистокот на Македонија започнува големиот фестивал „Смоквијада“, во кој натпреварувачи од нашата земја и регионот ќе се натпреваруваат во подготовка на најубавото слатко од зрели смокви.
Организаторите за оваа година најавија гости од Грција, Бугарија и Романија, како и богата културно – уметничка програма, составена од хорот „Распеани гевгеличани“, пеачки групи од Сандански и Банско од Бугарија, Влашко културно уметничко друштво од Грција, КУД „Бојмија“ од Гевгелија и Мишко Крстевски.
Настанот се одржува во организација на граѓанското здружение „Тера“, под покровителство на општина Гевгелија.