Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегион30.000 Косовци се откажале од државјанството во последните шест години

30.000 Косовци се откажале од државјанството во последните шест години

Се повеќе Косовци се окажуваат од државјанството. Од 2009 година до првата половина од годинава дури 30.000 Косовци се откажале од косовско државјанство, додека во истот тој период само 5.000 побарале да бидат косовски државјанин. Тоа значи дека многу поголем е бројот на оние кои се откажуваат отколку оние кои бараат косовско државјанство.

Лиридон Незири, прв човек на секторот за пасоши при МВР вели дека најголемиот процент од оние кои барале да се отпишат од регистарот на државјани на Косово живеат во Германија, каде не се дозволува двојно државјанство, за разлика од Швајцарија или други европски земји каде се дозволува двојно државјанство.

– Доколку се направи споредба со бројката од над 320.000 Косовци колку што живеат во Германија, бројката на оние кои се откажале од државјанството не е загрижувачка. Радосна вест се последните измени на законот за државјанство на Германија, каде стои дека сите оние кои се родени во Германија нема потреба да се откажуваат од косовското државјанство, вели Незири.