Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика12 жртви однесе невремето во Тетовско – сите служби на терен

12 жртви однесе невремето во Тетовско – сите служби на терен

Невремето во тетовско однесе 12 жртви потврдува за Позитив.мк жител на Шипковица. Според неофицијалните информации меѓу загинатите има 4 деца, а има и исчезнати. ДЗЦ и ЦУК со тешка механизација се обидуваат да стигнат со Шипковица, но големите одрони го отежнуваат пробивањето.

Невремето предизвика прекин на струја и прекин на сообраќајот кон Попова Шапка, патот Тетово Јажинце и околу селото Горно Орашје. Во Доброште надојдените води го урнаа бетонскиот мост. Сите екипи се на терен и работат на санирање на последиците.