Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗошто истрагите на СЈО почнуваат на „Т“?

Зошто истрагите на СЈО почнуваат на „Т“?

Во јавноста се шират различни теории за причината зошто секоја исграга која СЈО ја започнува добива кодно име со првата буква „Т’. Засега ббвинителката Ленче Ристоска од Специјалното јавно обвинителство вели дека засега е тајна зошто сите предмети се на буквата Т.

„Тоа ќе го кажеме на крајот на нашиот мандат“- рече Ристоска вчера во емисијата Топ Тема на Телма.

Обвинителката потенцираше дека работата на СЈО не е завршена и најави дека без разлика кој од која партија е, ќе биде  гонет ако има докази за тоа.

Ристоска рече дека доколку не се продолжи мандатот на СЈО, прислушуваните разговори кои ги имаат нема да останат во сеф.