HomeДЕНЕШНАПолитикаЗНМ бара дисциплинска постапка за обезбедувањето на Груевски

ЗНМ бара дисциплинска постапка за обезбедувањето на Груевски

Здружението на новинарите на Македонија денеска до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди на Министерството за внатрешни работи достави претставка, во коjа бара да покрене дисциплинска постапка против двајцата припадници на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, кои минатата недела упаднаа во просториите на Телевизијата 21 и го присилија новинарот Кристјан Ландов да избрише снимки од мобилен телефон.

ЗНМ бара МВР да ги утврдите сите околности на настанот и најостро да ги казни припадниците на обезбедувањето на Груевски за незаконско и непрофесионално постапување.

Во писмото се истакнува дека бришењето снимки на новинари е чин на цензура, која е забранета со уставот.

„Никој нема право, па и припадници на полицијата, да одземат приватен мобилен телефон од новинар или да му наложат да избрише снимен материјал надвор од судска постапка“, стои во писмото.

ЗНМ го потсетува МВР дека Груевски како лидер на ВМРО-ДПМНЕ е јавна личност и новинарите имаат право да го снимаат на јавен простор.

„Ако Груевски сметал дека новинарот му ја нарушил неговата приватност, можел да поднесе соодветна пријава до надлежен суд, но во никој случај вашите припадници не смееле да упаднат во телевизијата и да му наредат на новинарот да ја избрише снимката“, се вели во писмото.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com