Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЖивотот не дава втора шанса – на патиштата им се потребни одговорни возачи

Животот не дава втора шанса – на патиштата им се потребни одговорни возачи

„На патиштата им се потребни одговорни возачи“ и „Животот не дава втора шанса, вози одговорно“ се двете нови кампањи кои ќе ги реализира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Се предвидува кампањите да се остваруваат преку разни реклами на социјалните мрежи, билбодрди, флаери, едукативни настани, предавања, теренски и превентивни акции кои ќе имаат за цел темата да ја добижат до учесниците во сообраќајот.

„Идејата е да ја подигнеме свеста кај возачите и да им покажеме дека и со мало невнимание при праќање порака или остварување повик постои голем ризик од сообраќајна незгода. Целта е да се запознаат возачите со опасностите и можните последици од ова неодговорно однесување“, изјави претседателот на РСБСП Стојче Стаменковски.

Стаменковски во текот на презентирањето на кампањите соопшти дека свеста кај возачите уште е на многу ниско ниво. Во рамки на истражувањето кое го спровел Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата најмногу загрижуваат податоците за употребата на мобилен телефон за време на возењето. Статистиката покажала дека 63 проценти од учесниците во сообраќај, го користат мобилниот додека возат. Правилото за ограничена брзина го прекршиле 86 проценти од возачите.

фото: Методи Здравев