Wednesday, May 1, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаЗејн и М.И.А. претставуваат нова нумера.

Зејн и М.И.А. претставуваат нова нумера.

Поранешниот член на составот „One Direction“, британскиот пејач Зејн Малик и пејачката која се претставува на сцената под името М.И.А., неодамна ја снимиле и ја објавиле нумерата „Freedun“. Поп дуото својот нов сингл премиерно го претставил во емисијата „Ени Мекс рејдио 1“.

Песната воедно го претставува и новиот албум на пејачката под назив „АИМ“ кој треба да излезе на 9 септември, а покрај Зејн, таа соработува и со Ди-џеј Дипло. На Зејн ова не му е прва соработка со други музичари, се започна со британскиот „Снејкшип“ и песната „Cruel“, за потоа да следи дует и со Крис Браун „Back To Sleep“, а потоа и песната „Wrong“ која ја направи со Келани.