Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаХари Стајлс најави нова нумера!

Хари Стајлс најави нова нумера!

Британецот Хари Стајлс, кој својата светска слава ја стекна како член на составот „One direction“, по пат на телевизиска реклама го најави својот прв сингл откако се впушти во соло водите. Со телевизиската реклама, која беше емитувана во Велика Британија за време на музичкото натпреварување „Voice“, беше откриено дека Стајлс за своите обожаватели подготвува нова нумера, која ќе биде објавена на 7ми април.

Музичкиот портал „Билборд“ исто така ја потврди веста околу деби спотот на Хари Стајлс. Обожавателите на 23-годишниот пејач забележале дека веста околу нумерата пристигнала истиот ден кога, пред две години, Зејн Малик ја напушти групата „One direction“.