Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеЗбришана импровизираната ромска населба кај Кале

Збришана импровизираната ромска населба кај Кале

Градските власти решија да ги срушат импровизираните домови на стотина граѓани од ромска националност кои беа сместени на диво под тврдината Кале. Нивните привремени куќи беа срушени со булдожери, а тие се жалат дека ќе останат без кров над главата.

Градоначалникот Трајановски по акцијата изјави дека не е вистина за нивните живеалиште бидејќи тие ги користеле привремените куќарки да бидат поблиску до центарот на градот, а имаат домови на други локации. Исто така земјиштето било приватно па морало да се интервенира.