Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗапрепастувачки: голем број на позитивни Скопјани, одбиваат да ги кажат своите контакти на заразеност

Запрепастувачки: голем број на позитивни Скопјани, одбиваат да ги кажат своите контакти на заразеност

 

 

Неколку денови по ред, бројот на новозаразени од Ковид-19, ја надминува бројката од над 200 заболени. Македонија руши рекорди, а есента само што почна. Многу епидемиолози предупредуваа на максимално почитување на мерките, предвидени за заштита од Ковид-19 пандемијата, бидејќи почнува период и на сезонскиот грип, каде што по симптомите, многумина ќе се прашуваат дали имаат обична настинка, сезонски грип, или пак се позитивни на Ковид-19. Сепак, изминативе денови бевме сведоци, на многубројни забави во скопски локални, во кои воопшто не се почитуваше мерката за социјална дистанца, и скоро никој не носеше маски. Бројките кои ги добиваме, ни укажуваат дека последната седмица, токму најголемиот број на новозаразени се млади од 20-29 години. Запрепастува и фактот, што многумина одбиваат да ги кажат своите контакти, а со тоа прават огромна штета на здравствените работници кои се во првите редови во борбата против најголемото зло, што ја снајде целата планета Земја.

 

 

Скопјани позитивни на Ковид 19 ги кријат контактите и не кажуваат каде се заразиле. Им ја отежнуваат работата на епидемиолозите кои наместо да ги лоцираат кластерите и спречат ширење на вирусот, се соочуваат со како што велат примитивно размислување. Последните две недели расте бројот на случаи во главниот град и најголем број од позитивните се кај младата популација од 20 до 49 години.

-Само една фамилија во Скопје ни кажа дека биле на роденденска забава и сите четворица во фамилијата се позитивни. Другите кријат, не кажуваат контакти за да не одат во изолација и со тоа ја отежнуваат работата, вели др. Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје.

Од скопскиот центар за јавно здравје велат дека во Чаир очигледно ја научиле лекцијата и веќе почитуваат мерки, за разлика од Аеродром, Центар и Карпош каде има по над 100 активни случаи. Епидемиологот Стојанов не може да предвиди дали последните журки во скопските локали ќе го дуплира бројот на заразени во Скопје, но побара од граѓаните да примат вакцина против сезонски грип.

-Треба да ја примат оти така барем ќе се заштитат од грипот. Но граѓаните мора да знаат дека таа штити само од грип не и од корона вирусот. Пред се вакцинацијата е препорачлива за ризичните групи, но имаме и комерцијални вакцини кои ги набавуваме за оние кои сакаат да се заштитат, вели Стојанов.

За разлика од некои соседни земји каде вакцинацијата против сезонскиот грип веќе почна, кај нас граѓаните ќе почекаат до крајот на месецот кога надлежните очекуваат да пристигнат вакцините. Предвидени се 40 000 бесплатни дози како и комерцијални во некои од центрите за јавно здравје.