Friday, Jul 28, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЗапочнува снимањето на Wonder Woman – Првата жена супер херој

Започнува снимањето на Wonder Woman – Првата жена супер херој

Warner Bros објави дека го поставиле рокот за започнување со снимање на Wonder Woman првиот игран филм во кој главната улога ќе ја има жена, за разлика од бројните блокбастери во последните десет години во кои доминираат само машки ликови. Тоа е одлична вест бидејќи фановите одамна чекаат да ја видат Wonder Woman на големото платно, како една од најмоќните хероини, грчка божица и модерна деловна жена која може да биде силна и покрај Superman.

batman v superman

Wonder Woman прв пат ќе се појави во претстојниот мега спектакл Batman v Superman: Dawn of Justice, но таму ќе има помала улога, па затоа со нетрпение очекуваме да видиме што ќе донесе нејзиниот соло филм. Главната улога секако ќе и биде доверена на Гал Гадот која барем во првите снимки покажа дека е добар избор, има моќна фигура и треба да се справи со предизвикот иако почетните реакции кон неа беа негативни.

Wonder Woman ќе биде режиран од популарната режисерка Пети Џенкис која се докажа со Monster, a ќе глумат и Крис Пајн, Хенри Кавил, Бен Афлек и Реј Фишер.