Sunday, May 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗапочна протестот за поддршка на СЈО

Започна протестот за поддршка на СЈО

Протестите за поддршка на Специјалното обвинителство и против одлуката на Иванов за аболиција продолжуваат и денеска. Во моментов граѓаните се собираат пред Специјалното обвинителство, каде и изминатава недела протестите започнуваа.Демонстрантите подоцна ќе ја продолжат познатата маршута, пред Собранието, а потоа протестот ќе го продолжат пред Владата. На протестите се појави и Шеќеринска како и останати членови на СДСМ.