Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗапочна Преспанскиот јаболкобер 2015 со многу настани

Започна Преспанскиот јаболкобер 2015 со многу настани

Во преспанскиот регион симболично со откинување на првото јаболко започна „Преспанскиот јаболкобер 2015“. Покрај бербата на јаболка ќе се одржуваат и бројни спортиски и музички настани за забава на гостите. Настапуваа бројни ѕвезди од домашната фолк и поп сцена како Наум Петревски, Сузана Спасовска, Ламбе, Дарко Иливески и уште многу други во тридневната прослава која ќе кулуминира во недела на празникот Крстовден.