Wednesday, Nov 22, 2017
HomeГИГА БАЈТСмартфонЗапочна глобалниот пласман на Sony Xperia Z3+

Започна глобалниот пласман на Sony Xperia Z3+

Sony-xperia-z4

Sony Mobile на големо задоволство на фановите објави дека стартува глобалниот пласман на Sony Xperia Z3+ и смартфонот конечно ќе ја напушти Јапонија каде се продава под името Sony Xperia Z4.
Како што може да забележите во името намерно има промена бидејќи Sony Xperia Z3+ не е целосна надградба во однос на претходниот модел и голем дел од купувачите се изненадени бидејќи изостанува понуда на Quad HD дисплеј. Sony Xperia Z3+ ќе мора да ги убеди корисниците дека има сосема совршен 5.2 инчен Full HD дисплеј надополнет со Triluminous технологија и Bravia енџин.

Sony-Xperia-Z3 plus2

Sony Xperia Z3+ во делот на хардверот има еден голем новитет, а тоа е осум-јадрениот Qualcomm Snapdragon 810 процесор кој едноставна оваа година не се погоди и во одредени ситуации на засилен гејминг и мултитаскинг може да прегрее, но тој проблем ќе биде решен со софтверска надградба.
Останатите компоненти, како и дизајнот се прилично блиску до Sony Xperia Z3, а софтверот е обновен со Android 5.0 Lollipop од самиот старт. Цената на Sony Xperia Z3+ ќе изнесува околу 700 евра, па што мислите вие дали е доволно моќен за да ја крене возбудата на високо ниво.

Извор: telefoni.mk