Friday, May 3, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЗапочна филмскиот фестивал во Торонто

Започна филмскиот фестивал во Торонто

Торонто вчера, по 41 пат ја отвори својата врата на љубителите на филмот и ќе биде отворен се до 18 септември. За тие 11 дена публиката ќе има прилика да погледне речиси 400 различни остварувања која ќе се прикажуваат во најголемиот град на Канада. Покрај филмови, на фестивалот во Торонто ќе се отвоараат и актуелни теми во светот на седмата уметност.

Една од нив е и диверзитетот во Холивуд, кој минатата година беше доста актуелна тема воочи доделувањето на најпрестижните филмски награди, Оскари, кога добар дел од актерите, јужноамериканци, одлучија да го бојкотираат доделувањето на наградите, поради како што нагласија тие, недоволен број на јужноамериканци номинирани за најголемото филмско признание.

Во врска со тоа, ќе бидат прикажани значаен број на филмови кои се занимаваат со теми на расна основа, а фестивалот во Торонто е познат и по тоа што, до некаде, најавува кои филмови ќе имаат поголеми шанса за освојување на Оскари кои ќе се доделуваат следниот февруари.