Saturday, Apr 27, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмЏејн Биркин наградена за животно дело

Џејн Биркин наградена за животно дело

На актерката и пејачката Џејн Биркин и беше доделено признание за животно дело „Златен леопард“ на меѓународниот филмски фестивал во швајцарскиот град Локарн. На актерката признанието и беше врачено синоќа, кога беше прикажан и краткометражниот филм на младиот циришки режисер Тим ван Гунтен, „La femme et le TGV“, најновиот во кој се појавува и актерката.

Birkin 2

На централниот градски плоштад се очекува да бидат прикажани уште два филма на француско-британската актерка, вклучувајќи го и автобиографскиот филм „Boxes“ од 2007 година. Фестивалот на независен филм на брегот на езерото Маџоре ќе трае до 13 август. Во текот на овој фестивал се очекува да бидат прикажани 250 филма.