Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗапочна екстрадицијата на осомничениот за тероризам кој побегна на Косово

Започна екстрадицијата на осомничениот за тероризам кој побегна на Косово

Како што информираат од обвинителството, постапката за екстрадиција од Косово е со меѓународна правна помош, а и дел од доказите ќе бидат обезбедени на тој начин.

Јавното обвинителство започнало процедура за екстрадиција на Сулејман Османи, осомничениот за тероризам, кој избега на Косово, а беше дел од групата која отвори оган врз специјалците во кумановската населба „Тоде Мендол“ на почетокот од мај. Како што информираат од обвинителството, постапката за екстрадиција од Косово е со меѓународна правна помош, а и дел од доказите ќе бидат обезбедени на тој начин.

Обвинителството ја завршило и постапката за идентификација на осомничените која ја спроведувала преку меѓународна правна помош. Прибавено е криминалистичко – техничко вештачење на предметите и трагите прибрани од лице место по извршениот увид, се вели во соопштението на обвинителството. Во тек е сослушување на сведоци и осомничени во предметот.