Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВрховен ќе расправа ќе одлучува по жалбите на осудените во „Монструм“

Врховен ќе расправа ќе одлучува по жалбите на осудените во „Монструм“

Врховниот суд денеска на јавна седница треба да ги разгледа жалбите на шестемина осудени на доживотни затворски казни во случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро.

Седницата, како што соопшти судот, ќе биде јавна, а ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд.

Судот претходно двапати ја одложи оваа седница, која првин требаше да се одржи на 30 мај, па беше презакажана и повторно одложена на 9 јуни, бидејќи дел од адвокатите на обвинетите беа на боледување.

Судот на претходното рочиште прифати да ги побара и да ги земе предвид доказите на обвинителите од Специјалното јавно обвинителство, кои на прес-конференција истакнаа дека водат предистражна постапка за случајот „Монструм“.

Инаку, Врховниот суд овој предмет го стави на дневен ред 15 месеци откако одбраната на осудените поднесе жалба на пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд Скопје, со кои шестемина обвинети беа осудени на доживотни затворски казни.