Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВрховен ќе бара експертско мислење дали „бомбите“ можат да се користат како доказ

Врховен ќе бара експертско мислење дали „бомбите“ можат да се користат како доказ

рховниот суд на Република Македонија ќе бара мислење од експерти за тоа дали прислушуваните разговори, т.н. „бомби“, Специјалното јавно обвинителство ќе може да ги користи како доказ во судска постапка, соопшти претседателот на највисокиот суд во земјава, Јово Вангеловски, на денешниот брифинг со новинарите, извор Мета.

Врховните судии и на денешното продолжение на општата седница не донеле одлука по ова прашање. Сепак, како што рече Вангеловски, седницата не е завршена и точката за употребата на „бомбите“ е само одложена на неопределено време, па за неа ќе се расправа на некоја наредна седница.

Судиите, како што брифираше претседателот на Врховниот суд, околу употребата на „бомбите“ побарале за ова прашање подетално да се проучи практиката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур.

– Врховниот суд за ова прашање ќе расправа во наредиот период, при што ќе бидат повикани надворешни експерти да ги дадат своите мислења – рече Вангеловски.

Како експерт била повиканата поранешната судијка во ЕСЧП од Македонија, Мирјана Трајковска-Лазарова. Вангеловски рече дека оти се надева дека таа ќе прифати да го даде своето мислење и да даде образложение околу практиката на ЕСЧП.

Врховниот суд на седницата не донел ниту одлука, односно начелен правен став, околу прашањето дали Специјалното јавно обвинителство смее да поднесува барања за заштита на законитоста, како вонреден правен лек, до Врховниот суд или ексклузивно право на тоа има само државното Јавно обвинителство.

На седницата бил донесена иницијатива дека има потреба да се утврди начелен став за тоа кој има право да поднесува барање за заштита на законитоста.