Tuesday, May 7, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПрв до врв во недела ќе го одбележи Денот на планетата Земја

Прв до врв во недела ќе го одбележи Денот на планетата Земја

Во недела на 24 април, ќе се одржи априлскиот месечен Прв до врв, посветен на Денот на планетата Земја. Пролетта, убавото време и наближувањето на Прв до врв 2016 се априлската мотивација да се собереме заедно и да се искачиме до врвот на Водно.

Планинарите ќе разменат мислење и ќе одберат најсоодветна патека до врвот, а велосипедистите ќе ги тестираат предлозите за off-road патека која ќе биде дел од натпреварувачката рута на 22 мај. Се планира стартот да е од пред ОУ „Кочо Рацин“ во 9 часот.

Инаку, настанот нема натпреварувачки карактер. Месечните искачувања на Водно во организација на Прв до врв имаат за цел да ги поттикнат спортот и рекреацијата во природа и да овозможат заедничка подготовка за главниот настан кој ќе се одржи на 22 мај 2016.