Friday, Apr 26, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаВо август започнува четвртиот ,,Струмица опен фестивал 2015”

Во август започнува четвртиот ,,Струмица опен фестивал 2015”

Во ритамот на летото ќе се забавуваат и Струмичани.  Од 7 до 16 август ќе трае овогодинешното четврто  издание на ,,Струмица опен фестивал 2015”

Во музичкиот дел на фестивалот кој ќе се случува последните 3 дена ќе настапат Трио гранде, Јупитер, Либеро, Кристина Арнаудова, Слаткаристика, Данијела Мартиновиќ, Тропико бенд, Харис Џиновиќ, Петар Грашо, Mossel,TOM NOVY, R3HAB.

Овогодинешната програма предвидува и дваесетина културни настани, како што се изложби, промоции на книги, поетски читања и театарски претстави.